Свети Николај претставува црква во тетовското село Лешок. Оваа црква е единствената црква во селото која се наоѓа надвор од манастирскиот комплекс, Лешочки Манастир. Темелите на црквата биле пронајдени при средувањето на месноста каде жителите знаеле за постоење на многу гробови од свештеници и други лица, меѓутоа самата црква долго време била непозната. Се претпоставува дека таа била изградена во османлискиот период. Според историските податоци до кои дошле хроничарите, првпат старата црква „Свети Николај“ во писмена форма се споменува 1896 година во книгата на Ѓорче Петров „Материјали за изучување на македонската историја“. Поради одредени археолошки показатели се смета дека црквата е изградена одамна.[2]
На истото место жителите на Лешок традиционално секоја година на 19 декември со голема веселба го одбележуваат православниот празник Свети Никола зимски.[3] Црквата е возобновена на 14 ноември 2010 година, каде воедно било и осветено положувањето на камен-темелникот.[1]
Поврзано
Наводи