Црква „Св. Никола“ - Мегленци
Свети Никола – главна селска црква во селото Мегленци.[1] МестоположбаЦрквата се наоѓа во средишниот дел од селото, непосредно од левата страна на патот. ИсторијаХрамот бил изграден во 1880, по што била срушен во 1918, а бил обновен со името „Св. Воскресение“ во 1926 година.[2] АрхитектураГрадбата на црквата има правоаголна основа со осумаголна купола којашто има по една монофора на секоја страна и полукружна апсида на источната страна. Главниот влез на црквата се наоѓа на западната страна и над него има ниша со фреска на којашто е насликан Свети Никола, а црквата има и спореден влез на јужната страна. Објектот е граден од камен и е покриен со кров од ќерамиди. Дворот на црквата е ограден со бетонска ограда и во него се сместени камбанаријата и помошен објект. Камбанаријата е со квадратна основа и се состои од два дела. Долниот дел е граден од камен, а горниот од бетонски тули. На секоја страна во горниот дел има по една отворена монофора. Камбанаријата е покриена со лимен пирамидален кров. Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia