Црква „Св. Никола“ - Наколец
Свети Никола — главна селска црква во селото Наколец, Општина Ресен, Македонија. Се наоѓа во средиштето на селото. Во кругот на црквата се наоѓаат и селските гробишта.[1] Црквата била изградена во 1884 година, која е исклесана во камен над влезот од јужната страна.[1] ГрадбаЦрквата „Св. Никола“ се наоѓа во средишниот дел на самото село. Сместена е во оградениот простор, заедно со селските гробишта.[2] Според својата архитектонска градба се вбројува во типот на мали трикорабни псевдобазилики, со петтострана апсида на исток и доградени помошни простории крај западната фасада.[2] Црквата била изградена во 1884 година, што можеме да го дознаеме од натписот исклесан во камен над јужниот влез во црквата. Во внатрешноста на црквата се влегува од јужната страна и тоа низ еден влез кој води во наосот и еден, кон олтарскиот простор. Јужната фасада во поново време е измалтерисана, така што автентичниот опус на ѕидаријата може да се види само на источниот и северниот ѕид. Кровот е со едноставно решение на две води.[2] ФрескоживописВрз ѕидните површини на наосот и олтарскиот простор не се сочувале траги од постаро сликарство.[2] Можеби постоечкото сликарство од поново време со лош квалитет е нанесено токму врз постарите насликани партии, со што е нарушена автентичната содржина на црквата.[2] ИконостасНаосот е издвоен од нартексот со ниска преграда, додека пред олтарскиот дел е иконостасот со три реда на икони. На иконостасот се икони работени од повеќемина анонимни мајстори.[2] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia