Црква „Св. Никола“ - Рајца
Свети Никола — главна селска црква во селото Рајца, Општина Ресен, Македонија. Се наоѓа на видлива височинка од јужната страна на селото. Во кругот на црквата се наоѓаат и селските гробишта.[1] Црквата била изградена во 1867 година.[1] ГрадбаЦрквата „Св. Никола“ се наоѓа во рамките на самото село, во ограден простор, заедно со селските гробишта. Црквата е мала еднокорабна градба со полукружна апсида на источната страна.[2] Црквата била изградена во 1867 година, а во поново време на нејзината северна и западна страна биле доѕидани затворени тремови и било извршени малтерисување на фасадите. Влезовите кон внатрешноста се поставени на северниот и западниот ѕид. ФрескоживописЖивописот е сочуван од северната страна на наосот со претставата на „Св. Ѓорѓи“ и во двете ниши од североисточниот агол на олтарниот простор.[2] Кон северниот ѕид, на вратата од влезот во олтарниот простор, насликана е фигурата на Архангел Михаил.[2] ИконостасИконостасот на оваа црква се состои од едноставна дрвена конструкција со три реда на икони. Во средината се поставени царските двери врз кои е насликано Благовештението на Св. Богородица. Иконите потекнуваат од непозната зографска работилница од втората половина XIX век.[2] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia