Црква „Св. Никола“ - Суводол (Битолско)
Свети Никола – манастирска црква на Суводолскиот манастир.[1] ИсторијаОд натписната плоча до влезот на конакот се забележува дека црквата била изградена во 1931 година, по што била срушена во 1994 година и изградена на новото место на манастирот во 1996 година. АрхитектураГрадбата на црквата претставува крстокуполен храм со осумаголна купола којашто има по една монофора на секоја страна и многуаголна апсида на источната страна. Главниот влез се наоѓа на западната страна и од обете страни на влезната врата има по една вертикална застаклена фреска — на левата е претставена Богородица со Исус, а на десната Свети Никола. Црквата има и спроеден влез на јужната страна. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со кров од ќерамиди. Камбанаријата на црквата е со квадратна основа. Рабовите на аглите се истакнати нанадвор и забележителни се тулите од коишто се изградени. Слично како и црквата, камбанаријата е целосно обоена во бела боја и е покриена со кров од ќерамиди. Галерија
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia