Црква „Св. Никола“ - Трн
Свети Никола — главна селска црква во селото Трн.[1] Црквата е сместена во непосредна близина на сретселото. АрхитектураГрадбата на црквата има правоаголна основа со многуаголна апсида на источната страна. Главниот влез е сместен на западната страна и над него има ниша со фреска на која е прикажан Свети Никола. Во продолжение на западната страна, пред влезната врата е доградена припрата која е заградена со странични ѕидови. Црквата има и спореден влез кој се наоѓа на јужната страна и над него има празна полукружна ниша. Објектот е изграден од камен и тули, а покриен е со кров од ќерамиди. Во дворот на црквата се сместени камбанаријата, помошен објект и селските гробишта. Камбанаријата има квадратна основа и се состои од три дела, така што најдолниот е со најголема, а најгорниот со најмала основа. Влезот во камбанаријата се наоѓа на јужната страна, а во најгорниот дел над него има бифора. Во долниот дел на западната страна има фреска над која е испишан датумот 5 октомври 1939 година. Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia