Црква „Св. Петар“ - Радобор
Свети Петар (во пишаните извори означувана како Свети Петар и Павле) — главна селска црква во селото Радобор.[1] Црквата се наоѓа во средишниот дел на селото. ИсторијаЦрквата е изградена во 1891 година.[2] АрхитектураГрадбата на црквата има правоаголна основа со украсена полукружна апсида на источната страна. Главниот влез на црквата е сместен на западната страна до која е доградена припрата, а црквата има и спореден влез кој се наоѓа на јужната страна. Над споредниот влез има празна ниша со мермерна плоча на која се испишани податоци за црквата. Објектот е изграден од варовник и во целост е покриен со кров од ќерамиди. Дворот на црквата е ограден со бетонска ограда и во него се сместени камбанаријата, селските гробишта, како и помошен објект. Камбанаријата се издига над оградата на дворот од црквата, непсоредно од левата страна на влезната порта. Таа има квадратна основа во долниот и осумаголна во горниот дел. Долниот дел се состои од три скалески подделови. Горниот дел од камбанаријата содржи по два реда монофори, распоредени по една на секоја од осумте страни. Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia