Црква „Св. Петар и Павле“ - Горно Агларци
Свети Петар и Павле – главна селска црква на селата Горно и Долно Агларци.[1][2] МестоположбаЦрквата е сместена непосредно од десната страна на патот кој ги поврзува селата Долно и Горно Агларци. АрхитектураГрадбата на црквата е правоаголна со полукружна апсида на источната страна којашто е украсена со слепи ниши. Кон западната и јужната страна е доградена припрата. Главниот влез на црквата се наоѓа на западната страна и над него има ниша со фреска на којашто е прикажано Христовото распнување, а храмот има и спореден влез на јужната страна над којшто има ниша со фреска на којашто се претставени Свети Петар и Павле. Објектот е граден од камен и е покриен со кров од ќерамиди. Внатрешноста на црквата не е зографисана, а дрвениот иконостас содржи икони во два реда над ѓаконските порти и царските двери. Во дворот на црквата се сместени камбанаријата, селските гробишта и помошни објекти. Камбанаријата е со квадратна основа и во нејзиниот горен дел има по една отворена монофора на секоја страна. Во целост е обоена во бела боја и е покриена со пирамидален кров од ќерамиди. Галерија
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia