Црква „Св. Петка“ - Кавадарци
„Св. Петка“ — соборна православна црква во градот Кавадарци, дел од Квадаречкото архијерејско намесништво во Повадарската епархија на МПЦ - ОА. Според архитектонскиот облик претставува граден крст во правоалогно пространство, градена е од клесан камен во ромејски стил, со четири помали куполи и една поголема централна купола. Од северната и јужната страна на црквата поставени се два параклиси посветени на Св. Јован Крстител и Св. Климент Охридски. Покрај црквата на нејзината југозападна страна е поставена камбанарија со придружен објект, помошни црковни простории. Целиот комплекс на црквата е со зафатнина од 9.000 м2, од кои околу две третини е покриен со зелена површина.[1] ИсторијаИзградба и осветувањеЦрквата започнала да се гради на 8 август 2010 година, кога бил удрен камен-темелник на денот на празникот „Св. Петка“. Каменот за ѕидање на црквата бил донесен од Мариово, бидејќи со тој камен кој има топла природна боја се граделе цркви уште пред десет века[2]. Како главен спонзор или ктитор за изградба на црквата биле компаниите Фени Индустри, Кожувчанка и Градба промет, како и Општина Кавадарци. На 18 октомври 2015 година било извршено осветувањето на храмот со присуство на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, надлежниот Митрополит Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, како и бројно свештенство и монаштво на Повардарската епархија и на целата Македонска православна црква.[1] По осветувањето на црквата, со одлука на Светиот Архиерејски Синод на Македонската православна црква - Охридска Архиепископија, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан ги доделил следниве црковни одличја заради поддршката за изградбата на храмот:[1]
Галерија
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia