Црква „Св. Петка“ - Орехово
Св. Петка — црква во битолското село Орехово, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Битолското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА. ИсторијаЦрквата е изградена во 1861 година, како што може да се прочита на ктиторскиот натпис.[1] Храмот е обновен по Првата светска војна со средства на ореовци иселени во странство. Во 1926 г. е изградена камбанаријата северозападно од црквата. Храмот повторно е обновен во 2000 г.[2] АрхитектураХрамот претставува трикорабна градба со седумстрана апсида на исток и приграден трем од север. Влезот во наосот е од северната страна, а од истата страна има и влез во припратата. Од јужната страна има врата низ која верниците оделе на гробиштата. Внатрешноста на црквата е поделена на три кораба со два реда од по пет столба. Целата внатрешност на наосот е насликана со добар живопис. Над северниот влез од внатрешната страна има долг зографски натпис на кој се споменува Константин Зограф од населичкото село Селица и годината 1861. Овие негови фрески се меѓу најдобрите во Битолско и пошироката околина од средината на XIX век. Богатата програма е исполнета врз ѕидовите со големо внимание и врз основа на добри богословски познавања. Во првото подрачје се одделни светци претставени во полн раст или допојасно. Во погорните подрачја се сцените од Стариот и Новиот завет, животот, чудата и страданијата на Исус Христос и фрески вдахновени од Богородичниот Акатист.[3] Во храмот, освен иконите од средината на XIX век, има и мала но вредна збирка икони од втората четвртина на XVII век. Исклучително вредни се и царските двери. На нивното северно крило има црковнословенски натпис кој точно ги датира во 1642 г. ова крило подоцна е пренесено во црквата „Св. Димитриј“ во Битола. Во 2011 г. во западниот на иконостасот Ристо Палигора го открил и јужното крило.[1] Ова јужно крило се чува во црквата.[4] Натписот гласи:
Иконите од XVII век и царските двери веројатно се дело на мајстори од Линотопската школа.[5] Слики
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia