Црква „Св. Петка“ - Скочивир
Света Петка – главна селска црква во селото Скочивир.[1] МестоположбаЦрквата се наоѓа на влезот од селото во северниот дел на селото, на возвишение коиешто ѝ дава доминантна положба во однос на остатокот од селото. ИсторијаЦрквата е изградена во 1860 година.[б 1][2] АрхитектураГрадбата на црквата е со правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна. Кон западната страна е доградена пространа затворена припрата. Главниот влез на црквата се наоѓа на западната страна, а црквата има и спореден влез на јужната страна. Камбанаријата е со квадратна основа и се издига над југозападниот агол на припратата. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со кров од ќерамиди. Внатрешноста на црквата е со богат фрескоживопис којшто е во релативно лоша состојба.[3] Дворот на црквата е ограден со камена ограда и во него се сместени селските гробишта. Српски воени гробиштаНа селските гробишта во дворот на црквата се среќаваат и гробови на српски војници кои загинале во Првата светска војна. Гробиштата се наоѓаат во лоша состојба. [4] Галерија
Поврзано
Белешки
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia