Црква „Св. Стефан“ - Конопиште
Свети Стефан — главна селска црква во селото Конопиште.[1][2] Црквата е сместена во самото село, до главниот пат и е целосно опкружена од објектите на претпријатието „Кодинг“. ИсторијаНе се знае точната година кога е изградена но се претпоставува дека е изградена во средината на XIX век. Познато е дека црквата била зографисана во 1879 година според еден натпис кој се наоѓа над северниот влез на црквата од внатрешната страна, од браќата Вангел, Никола и Коста од Крушево. Реновирана е во 2002 година.[2] Ктиторскиот натпис содржи:
АрхитектураСпоред својата архитектурна форма црквата е трикорабна со полукружно олтарна апсида на источната страна.[2] Слична е на манастирската црква „Св. Архангел“ во селото Долна Бошава.[3] ФрескоживописФреските се изработени од истите зографи што ги работеле во Долна Бошава.[3] На јужниот ѕид е прикажано Второто пришествие Христово. Во првата зона на западниот дел од црквата е Светото исповедание, а до него Св. Зосим и Марија Еѓипчанка. На северниот ѕид се Св. Меркурија, Св. Теодор, Св. Пантелејмон, Св. Кузман и Св. Сава. Во втората зона се Св. Илија на коленици, Каменувањето на Св. Стефан и Жртва Аврамова. На западниот ѕид се: Св. Мина, Св. Харалампија, пророк Исаија и Св. Игнатиј кого го растргнуваат два лава. На сводот од главниот кораб, на северната страна се насликани: следните композиции: Христос пред Пилат, Бичување Христово, Патот на Голгота-Носење на крстот, Распетие Христово, Оплакување Христово, Слегување во пеколот и Воскресение Христово.[3] На јужната страна во наосот се насликани композициите: Томино неверство, Воскресение Лазарево, Влегување во Ерусалим (Цветници), Тајната вечера, Молитва Христова на маслиновата Гора, Предавство Јудино, Петрово одрекување и Христос пред судот. На западниот ѕид кај фреските на Св. Мина и Св. Харалампија има еден запис: „Церна чума исечит људито како што косит косата трева". На иконостасот има царски двери во копаница и во иконопис. Насликано недремливо око, на местото на Бог Саваот каде вообичаено се слика.[3] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia