Црква „Св. Теодор Тирон“ - Долно Српци
Свети Теодор Тирон (позната и како Свети Тодор) — главна селска црква во селото Долно Српци.[1] Црквата се наоѓа во средишниот дел на селото и има преовладува во панорамата на селото со својата бела фасада. МестоположбаЦрквата се наоѓа во средишниот дел на селото.[2] ИсторијаДенешната градба била подигната во 1929 година и е една од најголемите и најдобро изградените цркви во областа. Претходно, на истото место се наоѓала помала и постара црква, подигната во 1871 година.[3] До 1946 година, црквата поседувала над 130 декари земја (ниви и ливади), која била поделена на селаните.[2] До 1912 година, во непосредна близина на црквата се наоѓале и селски гробишта. Денес, главните селски гробишта се наоѓаат во северниот дел на црквата, каде е изградена црквата „Св. Архангел Михаил“.[2] Црквата доживеала обнова во текот на 2010 година.[4] Во 2018 година, црквата била погодена од гром, при што биле искршени прозорците и изгорела електричната инсталација.[5] Исто така напукнале делови од објектот, потемнеле ѕидовите во внатрешноста, а испаѓале и се искршиле и дел од лустерите во црквата. АрхитектураХрамот е доста голем и убав, еден од најуредените во околината.[2] Фасадата на храмот пред ударот на гром била розова, а по обновата во 2019 година, црквата добила бела фасада. Галерија
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia