Црква „Св. Тодор“ - Берово
Свети Тодор — православен христијански храм кој се наоѓа во градот Берово.[1] Се наоѓа во сосема крајниот северен дел на градот, кај градските гробишта. Легенди за изградбатаСпоред првата легенда дека некој човек, работејќи земјоделски работи на местото каде е сега црквата, ископал една икона со ликот на Свети Тодор. Веста за тоа бргу се проширила и луѓето се здружиле и решиле на тоа место да изградат црква. Втората легенда зборува дека некоја жена од Пехчево која била тешко болна, на сон и се претскажало дека на местото кајшто е црквата „Св. Тодор“ ако преспие ќе оздрави. Нејзините блиски ја однеле во запрежна кола на тоа место за да преспие, а утрото пешки се вратила во Пехчево. Тоа било повод на тоа место да се изгради црква. И третата легенда зборува дека за време, кога Турците почнале да се повлекуваат од овие краеви, една група на Турци се навратила да прави зулуми и грабежи во Берово. Арно ама, на тоа место кај црквата „Св. Тодор“, некој светец, кој подоцна го препознале во Свети Тодор, ги пресретнал Турците и кај нив отишол со голем крст. Еден од Турците се исплашил и паднал во несвест, а од тоа се исплашиле и останатите Турци и се вратиле, откажувајќи се од злата намера. Како благодарност на тој настан, беровчани ја изградиле црквата. Наводи
41°42′46″N 22°51′17″E / 41.71278°N 22.85472°E
|
Portal di Ensiklopedia Dunia