Црква „Св. Троица“ - Брушани
Св. Троица — православна црква во кавадаречкото село Брушани, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Кавадаречкото архијерејско намесништво во Повардарската епархија на МПЦ - ОА. Црквата е изградена во 1878 г. и живописана следната година според натписот на јужниот ѕид од внатрешната страна на храмот. Зографите не се наведени. Во архитектонски поглед, ова е трикорабна црква со многу големи димензии. Внатре на јужниот ѕид е композицијата „Второ пришествие Христово“ („Страшниот суд“). Во храмот има резбан крст, дело на добар копаничар. На железното клепало има натпис „1880 се приложи од вко за душа Мице мајсторја калва Лазо Хованче“.[1] Селото Брушани (стариот дел) било поплавено со создавањето на Тиквешкото Езеро во 1964–68 г., а со него и црквата. Од неа останале само дел од ѕидовите, крстот и камбанаријата.[2] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia