Црква „Св. Троица“ - Трооло
Света Троица — главна селска црква во селото Трооло.[1] МестоположбаЦрквата е сместена во средишниот дел од селото Трооло, во непосредна близина на сретселото. ИсторијаЦрквата била изградена во 1901 година, но не е познато кога и од кој архијереј била осветена. Исто така, не е познато кога и од кој зограф биле изработени иконите. Црквата не е зографисана.[2] АрхитектураГрадбата на црквата има правоаголна основа. Ѕидана е од камен и малтер со полутркалезни сводови и е покриена со ќерамиди. На северниот и јужниот ѕид има по еден прозорец. Од западната и јужната страна на градбата е доградена припрата, којашто е пониска и исто така е покриена со ќерамиди. Над влезната порта има натпис на којшто е испишан датумот 23 февруари 1901 година и од кој се забележува дека црквата има повеќе ктитори. Над натписот има живопис на којшто е прикажано Светото Тројство. Дворот на црквата е обележан со камена ограда. Камбанаријата е сместена во аголот од дворот на црквата, од левата страна на влезната порта. Таа претставува дводелна градба од камени тули, при што првиот дел има квадратна основа и од сите страни е заграден со камени ѕидови. Вториот дел има осумаголна основа и, со исклучок на основата, е сочинет од осум дрвени столбови покриени со кровот на камбанаријата. Внатрешноста на црквата нема фрескоживопис. Иконостасот е изработен од дрво и на него има 20 икони распоредени во два реда, од кои во долниот ред има 7 поголеми, а во горниот ред 13 помали икони. Мали икони се поставени и во просторот пред иконостасот. На јужниот ѕид, од десната страна на иконостасот е сместен владичкиот стол. Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia