Црква „Св. Троица“ - Трсино
Света Троица — главна селска црква во селото Трсино.[1] Црквата е сместена во северниот дел од селото, на десната страна од патот кој води од соседното село Трстија. ИсторијаКамен-темелник за изградба на црквата бил поставен на 30 мај 2004 година од страна на тоашниот митрополит на Брегалничката епархија г. Агатангел. АрхитектураЦрквата претставува крстокуполен храм, при што куполата е со осумаголна основа и на секоја од осумте страни има по една монофора. Во продолжение на бочните ѕидови се доградени припрати, додека во задниот дел од црквата има три многуаголни апсиди, од кои средишната е поголема во споредба со страничните кои се со еднаква големина. Градбата во целост е варосана во бела боја и истата е покриена со ќерамиди. Со ќерамиди исто така се покриени припратите и апсидите, додека куполата има метален кров над кој е истакнат крст. Камбанаријата е прилепена до градбата на црквата и е сместена во левиот агол од предната страна. Таа има четириаголна основа и е ѕидана од тули. Предната и бочните страни се поделени во четири дела, од кои првите три содржат по една монофора, додека последниот е лачно отворен. На задната страна отсуствува најнискиот дел поради тоа што во таа висина е прилепена со градбата на црквата. Камбанаријата е покриена со метален кров над кој има крст. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia