Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Дебреше
Успение на Пресвета Богородица — црква во селото Дебреше, близу Гостивар. Сместена е на самиот јужен крај на селото, во правец кон Здуње, помеѓу последните селски куќи. Како манастир, црквата се споменува уште во XVII век, кога најверојатно поради Австриско-турската војна и Карпошевото востание, била разрушена од Османлиите. Денешниот црковен објект е возобновен и изграден во август 1998 година. На пространата ливада во која се наоѓа црквата секоја година се одржуваат големи прослави со црковнонародни собири по повод патрониот празник Успение на Пресвета Богородица (28.08. - Голема Богородица) кога се одржува и наддавање со ракотворби и веселба, како и за Велигден. На неколку наврати, меѓу кои последен пат во пролетта 2013, црквата е мета на вандалски и дивјачки напади од месното население, при што таа е каменувана, искршен е прозорец со оштетување на оградата, искршена и расфрлена е плочата со натпис, како и цветниот венец од прославата на Велигден. Галерија
Наводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia