Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Крани
Успение на Пресвета Богородица (локално позната како Света Богородица Пречиста) — главна селска црква во селото Крани, Општина Ресен, Македонија.[1] Се наоѓа на сретсело. Во кругот на црквата се наоѓаат и денешните селски гробишта.[2] Црквата била изградена во 1865 година, а обновена во 1992 година.[2] ГрадбаСе вбројува во редот на помали трикорабни храмови, какви што најмногу се граделе во XIX век. Според сочуваниот натпис, врежан врз еден камен од јужниот ѕид, објектот е изграден во 1865 година. Подоцна кон втората четвртина на XX век, врз него се направени опсежни преправки, при што се отворени неколку прозорци на јужната и на северната фасада. Веројатно тогаш е извршено и малтерисувањето на фасадите.[3] Денес, стариот опус на ѕидање од обработен камен, може да се забележи само уште на апсидната конха, која е единствено немалтерисана. Во најново време, на храмот од западната страна е прилепена новата камбанарија.[3] Во внатрешноста на храмот може да се влезе од јужната и западната страна. Наосот од западната страна е издвоен од нартексот со ниска преграда, а од олтарскиот простор со иконостас оформен од два реда на икони. Над нартексот на запад се протега горната галерија на спратот.[3] ФрескоживописПоголемиот дел од ѕидните површини во внатрешноста се премалтерисани. Фрагменти од стариот живопис насликан во XIX век се сочувани на северниот ѕид од наосот, веднаш покрај иконостасот. Нешто повеќе ѕидно сликарство има во олтарскиот простор. Во горниот дел на апсидата вообичаено е претставена „Св. Богородица“, а во долната зона архијереите „Св. Василиј Велики“ и „Св. Јован Златоуст“, предводени од архангелите Михаил и Гаврил. Во малата ниша од жртвеникот е насликано доподпојасјето на мртвиот Христос, а во нишата од ѓаконикот е претставата на првомаченикот и ѓакон „Св. Стефан“. Не се познати авторите на ова сликарство.[3] ИконостасОлтарната преграда е составена од два реда на икони. Според испишаните години на иконите поставени на иконостасот, тие се работени во 1938 година. Во црквата постојат и неколку икони, кои според своите содржини можат да се сместат во иконописот од втората половина на XIX век.[3] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia