Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Ниш

„Успение на Пресвета Богородица“ - Ниш
Основни податоци
МестоНиш, Србија
Координати43°19′21″N 21°57′7″E / 43.32250°N 21.95194°E / 43.32250; 21.95194
Припадностхристијанство
Осветен1926
Архитектонски опис
Архитектонски типцрква

Црква Успение на Пресвета Богородица се наоѓа во Долна Врежина, во градската општина Пантелеј. Посветена е на Успението на Пресвета Богородица кое се слави на 28 август.

Изградена

Во 1907 година се откриени темелите на старата црква кога на еден мештанин на Долна Врежина во сон му се укажала локацијата на црквата. Биле пронајдени и икона на Пресвета Богородица, дрвен крст и кандило. Изградбата на црквата на таа локација траеала од 1907 година до 1926 година. Градена е од добротворните прилози на мештаните со благослов на нишкиот владика Димитрија.[1] Осветена е на Мала Богородица во 1926 година од страна на тогашниот нишки владика Доситеј Васиќ. Обнова на црквата започнала во 2003 година.[2]

Чешма

Чешмата на црквата Света Богородица се наоѓала од преку патот на црквата и била подигната во 1914 година за време на владеењето на кралот Петар I Караѓорѓевиќ со прилозите од мештаните на Долна Врежина. Ја изградил мајсторот Тодор Ивковиќ од Пасјача.

Извори

  1. Трагом српских светиња. „Црква Успенија Пресвете Богородице у Доњој Врежини“. Посетено на 9 октомври 2015.
  2. Епархија нишка. „Храм Успења Пресвете Богородице у Доњој Врежини“. Посетено на 9 октомври 2015.[мртва врска]

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya