Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Селце
Успение на пресв. Богородица — црква кај прилепското село Селце, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Прилепското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА. Црквата е сместена во Долното Маало, на источниот крај на селото. Претставува трикорабна базилика со полукружна апсида на исток. Изградена е во 1871 година. Не е живописана, но има убав оригинален иконостас кој е изработен од дрво и насликан.[1] Ктиторскиот натпис гласи:
Камбанаријата е дело на градителот Димко Тавчија. На плочата за неа се наведуваат иселениците во Америка кои дале парични средства за нејзино отпочнување. Како датум е даден 19 март 1910 г. Слики
ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia