Црно огледалоЦрно огледало (англиски: Black Mirror) е британска антологиска, научно-фантастична телевизиска серија создадена од Чарли Брукер. Секоја епизода има различна глумечка екипа и различна реалност. Дејствието во серијата се случува во блиската или далечна иднина кога технологијата целосно ја има заменето емпатијата во човекот. Првата епизода премиерно беше прикажана на 4 Декември 2011 година, на телевизија Канал 4 (Channel 4), на која што се емитуваа две сезони. Третата сезона беше објавена на Нетфликс додека четврта сезона ќе излези во 2017 година. Во Македонија, серијата премиерно беше прикажана на телевизија Телма. СинопсисДејството во серијата се случува во поблиска или подалечна иднина.Различни глумечки екипи глумат во секоја епизода која содржи шокантни или комични сцени. Епизодите говорат за паранојата што ја предизвикува технологијата и колку длабоко таа е влезена во нашиот живот. Сите епизоди се плод на фикција и не ја претставуваат моменталната реалност. НаградиВо Ноември 2012 година, Црно Огледало ја освои наградата за „Најдобра телевизиска мини серија на Интернационалните Еми Награди. А.В.Клубот (The A.V. Club) ја прогласи за најдобра телевизиска серија во 2013 година. Епизоди
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia