Чалчиухтликуе![]() Чалчиухтликуе (од chālchihuitl - „жад“ и cuēitl - здолниште) („Таа со здолништето од жад“) е божество на Ацтеките на водата, реките, морињата, потоците, бурите и крштевањето.[1] Чалчиухтликуе била многу почитувана во културата на Ацтеките во времето на шпанското освојување, и таа била важна фигура на божество во посткласичното царство на Ацтеките во централно Мексико.[2] Чалчиухтликуе припаѓа на поголема група на богови на дождот на Ацтеките,[3] и таа е тесно поврзана со друг бог на водата на Ацтеките наречен Чалчихтлатонал.[4] Чалчиухтликуе била сопруга или сестра на ацтечкиот бог на дождот Тлалок, во зависност од текстот. Тлалок и Чалчиухтликуе споделуваат слични атрибути бидејќи и двајцата се водни божества; сепак, Чалчиухтликуе често се поврзувала со подземните води, за разлика од Тлалок. Таа исто така била мајка на богот на месечината на Ацтеките, Течизтекатл. Во други текстови, таа била сопруга на Ксиухтекухтли, кој бил постар божество за Ацтеките.[5] Во религијата на Ацтеките, Чалчиухтликуе му помага на Тлалок да владее со рајското кралство Тлалокан. Чалчиухтликуе носи плодност на посевите и се смета дека ги штити жените и децата.[6] Поврзано
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia