ЧампорадоЗа мексиканскиот пијалак, видете Чампурадо.
Чампорадо или цампурадо[1] (од шпански: champurrado)[1] ― слатка чоколадна оризова каша во филипинската кујна. СостојкиТрадиционално се прави со варење леплив ориз со таблеа (традиционални таблички од чисто мелени печени зрна какао). Може да се служи топло или ладно, обично за појадок или лесен оброк, со млеко (или кокосово млеко) и шеќер по вкус. Обично се јаде како што е, но вообичаеното спарување е со солена сушена риба (даинг или тујо). Тинугонг е варијанта на чампорадо во регионите на Филипините каде што се зборуваат висајски јазици. Најчесто се прави со варење леплив ориз со шеќер наместо табела. Некогаш во него се додаваат кафе или млеко.[2][3] ИсторијаНеговата историја може да се следи од шпанскиот колонијален период на територијата на денешните Филипини. За време на галеонската трговија меѓу териториите на денешните Мексико и Филипините, мексиканските трговци го донеле знаењето за правење чампурадо на Филипините (на враќање, тие ја вовеле тубата (палмово вино) во Мексико). Со текот на годините, рецептот бил менуван; Филипинците на крајот нашле начини да го направат мексиканскиот чампурадо како филипински чампорадо со замена на масата со леплив ориз.[4] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia