Четвртична структура на нуклеинските киселиниЧетвртична (квартерна) структура на нуклеинските киселини се однесува на интеракциите помеѓу одделни молекули на нуклеински киселини, или помеѓу молекули на нуклеински киселини и белковини . Концептот е аналоген на четвртична структура на белковините, но бидејќи аналогијата не е совршена, терминот може да се однесува на голем број различни концепти во науката за нуклеинските киселини и ретко се среќава.[1] ДНКЧетвртичната структура на ДНК се однесува на врзувањето на ДНК за хистоните за да формира нуклеозоми, а потоа нивната организација од повисок ред во хроматински влакна.[2] Четвртичната структура на ДНК силно влијае на тоа колку е достапна ДНК-низата на транскрипционата машинерија за експресија на гените. Таа варира со текот на времето, бидејќи одделни региони на ДНК се кондензираат или се изложуваат за транскрипција. Терминот исто така се користи за да се опише хиерархиското групирање на вештачките градбени единици на нуклеинските киселини кои се користат во ДНК нанотехнологијата.[3] РНКСиметрични комплекси на РНК молекули се многу ретки во споредба со белковинските олигомери.[1] Еден пример за хомодимер на РНК е VS (Varkud satellite) рибозимот од Neurospora, кај кој двете активни места се состојат од нуклеотиди кои потекнуваат од двата мономери.[4] Најпознатиот пример за формирање на четвртични структури од РНК молекули е рибозомот, кој е изграден од повеќе рРНК молекули и мноштво на рибозомни белковини.[5][6] Слични РНК-белковински комплекси се наоѓаат и во сплајсозомот. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia