Четириаголен кристален систем![]() Четириаголен кристален систем (тетрагонален кристален систем) — еден од седумте кристални системи во кристалографијата. Ваквите кристални решетки произлегуваат од истегнување на коцкеста решетка долж еден од нејзините решеткени вектори, така што коцката станува правоаголна призма со квадратна основа (a по a) и висина (c, која е различна од a). Бравеови решеткиДводимензионалниПостои само една четириаголна Бравеова решетка во две димензии: квадратната.
ТридимензионалниПостојат три четириаголни Бравеови решетки: проста (со истегнување на проста коцкеста решетка) и центрирана (со истегнување на страноцентрираната или телоцентрираната коцкеста решетка). Може да се претпостави дека со истегнувањето на страноцентрирана коцка би се добило страноцентрирано четириаголнно тело, но тоа е еквивалентно на телоцентрираното четириаголно тело (со помалку меѓупростор на решетките). Второспоменатото се смета за пофундаментално, па затоа ова е стандардна терминологија.[1]
Кристални класиПодолу се наведени точковните групи кои спаѓаат во овој кристален систем заедно со нивните претставувања според разни записи и примери на такви минерали.[2][3]
ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia