Човечки скелет![]() Коските ја создаваат основата на организмот. Коските се поврзуваат меѓу себе со зглобови. Комбинацијата на коски и зглобови, поврзани со сврзливите ткива го создаваат скелетниот систем.[1] Градба на коски![]() Коските се изградени главно од коскено ткиво. Коските не се безживотни. иако во просторите меѓу клетките на коскеното ткиво постојано се таложат цврстите соли на калциум, самите клетки се многу активни. Коските се органи со свој посебен систем на крвни садови, лимфни садови и нерви.[1] Кај ембрионот повеќето од коските се составени од ’рскавица. Создавањето на коските почнува во текот на вториот и третиот месец од ембрионалниот развиток. Во овој развоен стадиум клетките што создаваат коски, наречени остеобласти, стануваат многу активни. Најнапред, овие клетки произведуваат супстанца, наречен меѓуклеточен материјал, што е сместен меѓу клетките, а има и големо количество на колаген. Потоа, калциумовите соединенија со помош на ензимите се таложат во меѓуклеточниот материјал, има групи на тврди клетки наречени остеоцити. Тоа се живи клетки што се наоѓаат во коската, но не создаваат ново коскено ткиво. Другите клетки, наречени остеокласти, се одговорни за преоцесите на ресорпција, или разградување на коската.[2] Целосната коскена основа на организмот е наречена скелет. Скелетот е составен од коски со многу различен изглед. Тие можат да бидат:
![]() Типични коски во градба на рацете и нозете се наречени долги коски. Ваквите коски имаат долго тело, во чие средиште поминува централната коскена празнина, наречена дијафиза, и два неправилни краја, наречени епифиза. ![]() Има два вида на коскено ткиво. Едниот вид е компактна (вистинска) коска, што е тврда и збиена. Овој вид ткиво влегува во градбата на телото на долгите коски и надворешниот слој на другите коски. Остеоцитите во овој вид коска се сместени во редови на коскеното ткиво околу коските на централниот канал во кој има нерви и крвни садови. Вториот вид на коскено ткиво е наречен сунѓерлива коска.[1] о неа има многу повеќе празни простори, во споредба со вистинската коска. Коските имаат два вида на коскена срцевина: црвена коскена срцевина, што се наоѓа на краевите на долгите коски и во средиштето на другите коски и создава крвни клетки, и жолта коскена срцевина, која главно се наоѓа во средишните празнини на долгите коски. Жолта коскена срцевина главно е составена од масти. Коските од надворешната страна се обвиткани (со исклучок назглобниот дел) со обвивка наречена покосница или периостеум. Во внатрешниот слој на оваа обвивка има остеобласти, што се неопходни за создавање на коската, не само во текот на растењето, туку и при заздравувањето на скршениците. Крвните садови и лимфните садови во периостеумот играат важна улога во исхранувањето на коскеното ткиво. Присуството на нервни влакна во периостеумот се гледа при скршеници. Обвивката што ја обложува празнината на коскената срцевина е наречена ендоостеум, а содржи клетки што помагаат во растењето и обновувањето на коскеното ткиво.[1] Растење и обновуање на коскитеКоските на ’рскавичното во коскено ткиво почнува од центарот и продолжува кон краевите на коските. На тој начин долгите коски постојано растат во должина. Овој процес трае од детството до возраст од 13 до 20 години, кога коските престануваат да растат во должина. Како што коската расте во должина, така телото на коската се обновува и расте во широчина со што и централната празнина за коскената срцевина се проширува. Во текот на животот процесите на создавање на коската и ресорпција на коската се постојани. Коските кај малите деца се поеластични и посвитливи, бидејќи содржат големо количество на ’рскавица, а во текот на стареењето обновувањето на коскеното ткиво се намалува во сите делови. Како резултат на тоа коските се ослабени и многу кршливи. Со стареењето исто така се намалува способноста за создавање белковинска основа на која солите на калциумот би се таложеле. Скршениците кај постарите луѓе многу побавно заздравуваат, а последица на тоа е намалениот метаболизам на коските.[3] Основни функции на коскитеКоските имаат голем број функции од кои најважни се:
СкелетПоделба на скелет![]() Скелетот може да се подели на две групи на коски:
Скелет на главаКоскената основа на главата е наречена череп. Тој е поделен на два дела: Коски на череп![]()
![]() Коски на лице![]()
![]() Како додаток на коските на черепот и лицевиот дел се и три ситни ковчиња во средно уво, единечна коска коњско или турско седло (Sella turcica) и коската што е долна потпора на черепот наречена подјазична коска (os hyoideum), со која се поврзува јазикот. Детски черепЧерепот на децата има делови без целосно формирани коски, што создаваат обвивки наречени „меко место“. Најголема и најпозната е онаа блиску до местото каде што се спојуваат двете темени коски со челната коска. таа е наречена предна фонтонела и обично не се затвора пред осумнаесеттиот месец од животот на децата.[7] Скелет на труп![]() Во коските на трупот се вклучени ’рбетниот столб и коските на градниот кош. ’Рбетниот столб е составен од низа коски со неправилен облик наречени пршлени. Децата имаат 33 или 34 прешлени, а со растењето коските во долните делови на ’рбетот се спојуваат, па кај возрасните ’рбетниот столб се состои од 26 коски. Секој пршлен(vertebrae), со исклучок на првите два вратни пршлени, има тело што е свртено нагоре и дел кој служи како основа и држач. Меѓу телата на пршлените има дискови од ’рскавица што на ’рбетниот столб му даваат голема свитливост.[7] Коски на ’рбетен столбВо средиштето на секој пршлен има голем отвор. Кога сите пршлени ќе се поврзат во низа со ленти на јакото сврзливо тквио (лигаменти) овие отвори го создаваат ’рбетниот канал, во кој е сместен ’рбетниот мозок. Кога се гледа отстрана ’рбетниот столб може да се види дека има низа од меѓупршленски отвори низ кои излегуваат ’рбетни нерви. ![]() ![]() Пршлените во ’рбетниот столб се означени одозгора надолу според местото на кое се наоѓаат:
Кога се гледа од страна може да се види дека на ’рбетниот столб има четири кривини, кои соодветствуваат на четирите групи пршлени. Ваквите кривини на ’рбетниот столб обозможуваат потскокунување и трчање, како и неопходна рамнотежа при движењето.[8] Коски на градниот кош![]() Во градбата на градниот кош (thorax) влегуваат дванаесет парови на ребра (costae) и градна коска (sternum). Градната коска личи на меч. Гордниот дел е наречен дршка на градната коска(manubrium), чиј врв од секоја страна се поврзува со клучната коска (clavicula), а странично надолу се поврзува со првиот пар ребра. Телото на градната коска е долго и личи на сечило на меч. по должината од секоја страна се поврзува со ребрата. Долниот крај на градната коска има мал врв, кај младите создаден од ’рскавица, а кај возрасните создаден од коска. Тоа е мечовито продолжение (procesus xiphoideus). Тој се користи како место за притискање на градниот кош при давање прва помош за стимулирање на работата на срцето од надвор. Сите 24 ребра (12 пара), одназад се поврзуваат со ’рбетниот столб за разлика од тоа нивните врски при поврзување од напред се многу слаби. Според начинот на поврзување на градната коска, ребрата се поделени на:
Просторот меѓу ребрата, наречен меѓуребрен простор е составен од мускули, крвни садови и нерви.[9] Скелет на екстремитетиСкелет на екстремитетите може да се подели на два дела: горни екстремитети и долни екстремитети. Во горните екстремитети влегуваат коските на раменски појас и коски на рацете, а во долните екстремитети влегуваат карличен појас и коски на нозете. Коски на горни екстремитети![]() Во горните екстремитети спаѓаат: коски на раменскиот појас и коски на рацете. Коски на раменски појасРаменскиот појас се состои од две коски:
Коски на рака![]() ![]() Коските на рацете се сотавени од:
Коски на долни екстремитети![]() Коските на долни екстремитети се групирани на сличен начин како и коските на горните екстремитети. Коски на карличен појас =![]() Коските на карлицата се цврста основа на трупот и на органите во долниот дел на стомачната празнина, вклучувајќи ги мочниот меур, внатрешните полови органи и делови на цревата. Женската карлица е приспособена за бременост и раѓање на детето, таа e поширока за разлика од машката карлица. ![]() Каричниот појас се состои од цврсти коски што ја создаваат карлицата. Тој е составен од две карлични коски што се наоѓаат однапред и од страна на карлицата и од крсната коска што се поврзува со карличните коски, затворајќи ја карлицата одназад. Секоја карлична коска (os coxae) почнува да се развива како три засебни коски кои потоа се спојуваат.
Деловте на сите три коски заедно создаваат длабоко грло, ацетабулум, кое може да ја обиколи главата на бутната коска и го создава карличниот зглоб.[12] Коски на нозеДолните екстремитети се состојат од следните коски: ![]()
![]()
![]()
Скршеници (фрактури) на коскиДејстовот на различни видови удари може да предизвика скршеници (фрактури) речиси на секоја коска. Скршениците можат да бидат:
Многу важна постапка при прва помот при скршеници е заштита од движење на оштетените делови. Кај луѓето што имаат повреди на грбот, ако внимателно и правилно се пренесуваат на цврстите табли или врати, може да се спречи да добијат и сериозни повреди на ’рбетниот мозок. Ако нема надворешно крварење, завиткувањето на повредениот со ќебе може да помогне да се избегне шокот.[14] Скелетот како мотив во популарната култура
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia