Чурулинци
Чурулинците (науч. Burhinidae) се семејство на птици што живеат низ тропските и умерените подрачја во светот. Иако спаѓаат во редот на дождосвирните (цапачи по бари и плитаци), највеќето видови поретпочитаат пустински или полупустински (степски) живеалишта. Во Македонија е присутен само еден вид — чурулинот, наречен кулик или евроазиски чурулин (Burhinus oedicnemus).[1] Имаат средна до крупна телесна градба со силен црн или жолт клун, големи жолти очи и перје што ги претопува во околината. Претежно се активни ноќе, кога се огласуваат со гласно завивање.[2] Се хранат главно со инсекти и други безрбетници. Поголемите видови јадат и гуштери и помали цицачи.[2] Речиси сите видови се непреселнички, со исклучок на чурулинот, кој лете сели во умерениот европски дел од ареалот, а а зимата ја минува во Африка. ВидовиФамилијата ги опфаќа следиве видови:
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia