Шамони
Шамони Мон Блан (француски:Chamonix-Mont-Blanc ), попознат како Шамони — општина во Горна Савоја во Оверњ-Рона-Алпи регионот во југоисточна Франција. Овде се одржале првите Зимски олимписки игри во 1924 година. Во 2017 година во Шамони имало 8.611 жители. Сместен северно од Мон Блан, помеѓу врвовите на Егиј Руж и познатиот Егиј ду Миди, Шамони е еден од најстарите скијачки центри во Франција. Општината Шамони е популарна меѓу скијачите и планинарите. СтатусШамони е четвртата по големина општина во Франција, со површина од 245 квадратни километри. Со население од околу 8.900 жители се наоѓа на 1.089-то место во Франција.[1] Планински и зимски спортовиШамони е туристички центар за зимски спортови. Како највисок европски врв западно од Русија, [2] Мон Блан привлекува многу планинари и алпинисти. Од 2003 година, секој август овде се одржува Ултрамаратонот до Мон Блан (Ultra-Trail du Mont-Blanc). Има жичница која води до 3842 метри високот врв Егиј ди Миди. Изградена во 1955 година, своевремено била највисоката жичарница на светот, [3] а денес е највисоката вертикална жичарница во светот. [4] Шамони е поделен на 3 посебни скијачки подрачја (фра: Les Grands Montets, Brévent - Flégère, le domaine de Balme). [5] Покрај Зимските олимписки игри во 1924 година, во Шамони се одржуваат натпревари од ФИС Светскиот куп во алпско скијање и Арлберг-Кандахар. Бил домаќин на ФИС Светското првенство во нордиско скијање (1937) и Светското првенство во биатлон за жени во 1984 и 1988 година. Светското првенство во хокеј на мраз во 1930 година претежно се одржало во Шамони. Градот бил и домаќин на Европското првенство во карлинг во 1991 и 1999 година. ![]() Panorama of the Chamonix Valley Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia