Шанон (река)
![]() Шанон (ирски: an tSionainn / an tSionna, англиски: Shannon) — најдолгата река во Ирска со течение од 360,5 км.[1] Сливното подрачје зафаќа површина од 16.865 км2,[2] — една петтина од површината на Ирска. Го дели западниот дел на Ирска (претежно покраината Конахт) од источниот и јужниот (Ленстер и најголемиот дел од Манстер). Исклучок од ова е грофовијата Клер, која е на запад од реката, но управно е дел од покраината Манстер. Шанон е значајна физичка препрека помеѓу источниот и западниот дел на островот и има помалку од триесет места на премин помеѓу градот Лимерик на југ и селото Даура на север. Реката е наречена по келтската божица Шона.[3] Шанон играла важна улога во водниот сообраќај уште во стариот век, за што сведочи нејзиното присуство на картите на Птоломеј (I век). Тече во јужен правец, од изворот Шанон Пот (Легнашина) во грофовијата Каван, па свртува на запад и се влева во Атлантскиот Океан преку устие долго 102,1 км, на чиј крај се наоѓа градот Лимерик.[4]. Источно од Лимерик реката добива плима и осека, која се задржува сè до основата на браната Арднакруша.[5] Стопанско значење![]() Иако е долга 360,5 км, Шанон се издига само 76 м во надморска височина, и затоа е лесна за пловидба со малку преводници. Кај месноста Арднакруша е изградена хидроелектрана. Сообраќајот на стоки по реката е развиен во голема мера во 1980-тите години, со вложувања вредни преку 2,5 милијарди евра. Има поголем терминал за танкери кај Гојнс, како и помало нафтено пристаниште кај аеродромот „Шанон“. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia