Шарлота КуперШарлота Рајнегл Купер (22 септември 1870 - 10 октомври 1966) била англиска тенисерка којашто го освоила тенискиот турнир Вимблдон 5 пати, а уште 5 играла во финалето, но загубила. Шарлота Купер последната титула ја освоила во 1908 година, со 37 години и 282 дена што е рекордна возраст и денес. Таа е позната и по тоа што е првата спортистка којашто освоила златен медал на Олимписките игри. Тоа го сторила на Летните олимписки игри - 1900 одржани во Париз. Популарната „Шети“ на игрите во Париз освоила 2 злата. Најпрвин тоа го сторила во поединечна конкуренција, а потоа и во мешани двојки чиј партнер бил Реџиналд Доерти. На 12 јануари 1901, Шарлота се омажила со Алфред Стери. Таа продолжила да игра тенис со новото презима и постигнала фантастични резултати во првата деценија на XX век. Во 1908 година, со нејзиното петто и последно освојување на неофицијалното светско првенство во тенис Вимблдон станала најстарата негова освојувачка. „Шети“ играла тенис и во своите 50-ти години. Целиот свој живо го поминала во Велика Британија, а умрела во 1966 година, на 96 години во Хеленсбург, Шкотска. Победи на Вимблдон
Останати учества во финале на Вимблдон
|
Portal di Ensiklopedia Dunia