Шарплесов каталог (англиски: Sharpless catalog) — попис на 313 H II-подрачја (оддавни маглини) предвиден како сеопфатен северно од деклинација −27°, но вклучувајќи и извесни маглини јужно од тоа место. Првото издание е објавено во 1953 г. со 142 тела (Sh1), а втората и конечна верзија ја издал американскиот астроном Стјуарт Шарплес во г. со вкупно 312 тела. Шарплес придодал и некои планетарни маглини и остатоци од супернови, покрај H II-подрачјата.[1]
Во 1953 Стјуарт Шарплес стапил во служба на станицата „Флегстаф“ при Морнаричката опсерваторија на САД,[2] каде направил преглед и каталогизација на H II-подрачја од Млечниот Пат користејќи ги сликите на Паломарскиот преглед. Од оваа работа произлегол каталог на H II-подрачја во две изданија: првиот од 1953 г. имал 142 маглини,[3] а вториот и последен од 1959 г. содржел 312.[2][4]
Шарплесовите координати се водат според ѕвездените каталози Бонски (BD) и Кордопски преглед (CD), но второто издание е прилагодено на епохата 1900.[1]
Во второто издание, извесни координати за делови од јужната полутопка содржат несигурност од 1 лачна минута.[1] Ова предизвикува потешкотии во нивното наоѓање, па затоа е објавен преработен каталог наречен BFS (Блиц, Фич и Старк)[1] со 65 нови подрачја и 20 отстранети ставки.[1] Највеќето од отстранетите ставки биле за маглини и остатоци.[1]
Ставките во Шарплесовиот каталог се преклопуваат со 110 Месјеови тела (M), 7.840 тела од Новиот општ каталог (NGC), Колдвеловиот каталог (кој самиот е зборник од други каталози, со 109 ставки) и RCW-каталогот. Истовремено во употреба биле и Гамовиот и RCW-каталогот, но тие се задржуваат претежно на јужната полутопка.
Примери
Ова се примери од второто издание (1958) на Шарплесовиот каталог: