Шаховска олимпијада 19398. шаховска олимпијада организирана од ФИДЕ содржела натпреварувања во машка конкуренција[1] и светско првенство во женска конкуренција. Настанот се одржал во Буенос Аирес, Аргентина од 21 август до 19 септември 1939, време во кое започнала Втората светска војна. ВоведНа оваа шаховска олимпијада учествувале рекордни 27 екипи од исто толку земји, што било за осум повеќе од претходната олимпијада. Зголемениот број на земји-учеснички билч благодарение на зголемениот интерес на земјите од Средна Америка, особено Куба, предводена од Хосе Раул Капабланка на прва табла. Поради политичките случувања во тоа време и аншлусот на Нацистичка Германија врз Австрија, познатите австриски шахисти Ерих Елисказес и Алберт Бекер се натпреварувале за Германија, а некои извори посочуваат на фактот дека Чехословачка учествувала под името „Бохемија и Моравија“. За жал, на оваа шаховска олимпијада не учествувале првопласираните две репрезентации од претходната шаховска олимпијада одржана во Стокхолм, САД и Унгарија. Всушност, некои репрезентации не испратиле своја екипа на оваа шаховска олимпијада поради оддалеченоста и големите трошоци кои требале да ги платат. По почетните натпревари, екипите биле поделени во завршните групи A или B, со поранешниот натпреварувачки Хамилтон-Раселов куп и подоцнежниот „Копа Америка“, претставен лично од аргентинскиот претседател. Почетни натпревариПочетните натпревари се одржале од 21 до 31 август 1939. Имало 3 групи од по 7 екипи и една со 6. Натпреварите биле одржани во систем „секој против секого“, по кои најдобрите 4 екипи од секоја група обезбедиле учество во завршната група А, а останатите екипи продолжиле во групата B. Победниците по групи биле: Бохемија и Моравија и Полска (група 1), Летонија (група 2), Аргентина (група 3) и Шведска (група 4). Завршни натпревариЗавршните натпревари започнале на 1 септември 1939, дата која се смета за почеток на Втората светска војна. Ова довело до голема збунетост кај европските екипи, но најголемиот број шахисти сакале да продолжат. Англија била единствената репрезентација, чија екипа се вратила дома, па нивното место не било пополнето и на конечната листа завршиле како шеснаесетти. Што се однесува до останатите делегации, кризата довела до гласање дали да се продолжи. Ова ги опфатило капитените на репрезентациите, домаќините и организаторите. Главна улога имале Александар Аљехин (Франција), Савиели Тартаковер (Полска), Алберт Бекер (Германија) и претседателот на аргентинската шаховска федерација, Аугусто де Муро. Одлуката била, шаховската олимпијада да продолжи.[2] Сепак, политичките последици имале влијание, па шест натпревари не се одржале поради воените случувања. По претпазливоста и преговорите, вкупно 6 напревари (Германија-Полска, Германија-Франција, Германија-Палестина, Бохемија и Моравија-Полска, Бохемија и Моравија-Франција и Аргентина-Палестина) завршиле со службен резултат 2-2.[3] Конечните резултати биле следниве: Група А
Наградите за најдобрите во поединечна конкуренција, разпоредени од прва до петта табла биле (само во завршните натпревари): Хосе Раул Капабланка (Куба), Хајнц Фердер (Палестина/Израел) и Мигел Најдорф (Полска), Лудвиг Енгелс (Германија), Гунар Фридман (Естонија) и Исајас Плеси (Аргентина). Група B
Најдобрите поединечни резултати во групата В, разпоредени од прва до петта табла ги постигнале: Ернст Ројан (Норвешка), Даниел Јанофски (Канада), Јон Гудмундсон (Исланд), Михаил Кантарџиев (Бугарија) и Гудмундур Арнлаугсон (Исланд). Светско првенство во шах за жениСедмото светско првенство во шах во женска конкуренција се одржало за време на одржувањето на Олимпијадата. Конечните резултати биле следниве:[4],[5],[6]
Политички бегалциКако последица на политичките случувања, по овој настан, многу шахисти одлучиле да останат во Аргентина или да се преселат на некое друго место во Јужна Амеррика, отколку да се вратат во завојуваната Европа. Шахистите, меѓу кои и Мигел Најдорф, Паулино Фридман, Гидон Шталберг, Ерих Елисказес, Паул Михел, Лудвиг Енгелс, Алберт Бекер, Хајнрих Рајнхарт, Јири Пеликан, ККарел Скаличка, Маркас Луцкис, Мовсас Феигинс, Илмар Рауд, Моше Черниак, Меир Раух, Виктор Винц, Аристид Громер, Францизек Сулик, Адолф Зајц, Крис де Ронде, Зелман Клајнштајн, Соња Граф и Паулета Шварцман.[7] Многу од нив биле Евреи и пристигнале во Буенос Аирес во август 1939 со бродот "Priapolis". По ова, бродот станал пример на Ноева арка на генерација шахисти. Забележливво, сите шахисти од репрезентацијата на Германија (Елисказес, Михел, Енгелс, Бекер, Рајнхарт) исто така одлучиле да не се вратат во Нацистичка Германија. Наводи
Надворешни врски
ПоврзаноI неофицијална шаховска Олимпијада (Париз 1924)
|
Portal di Ensiklopedia Dunia