Шехзаде Сулејман (син на Ахмед I)
Шехзаде Сулејман (османлиски турски:سليمان شهزاده; роден во 1613 во Цариград – починал на 27 јули 1635 година во Цариград) — отомански принц, син на султанот Ахмед I и неговата сопруга Ќосем султан. Тој неговата сопруга Ќосем Султан. Тој бил брат на Мурад IV и Ибрахим, а полубрат на Осман II. ЖивотШехзаде Сулејман е роден во 1613 година во палатата Топкапи како дете на Ахмед I и Ќосем Султан како нивен втор најстар син. По раната смрт на неговиот татко во 1617 година, тој и неговите браќа и сестри биле протерани во Старата палата (Ески-сарај). По доаѓањето на Мурад во 1623 година на престолот, Сулејман бил затворен во Кафез.[1][2] СмртВо 1635 година, Сулејман и неговиот полубрат Бајазит биле погубени за време на прославите за победата во Османлиско-персиската војна. [3] Наредбите биле извршени од Мурад IV, причината за погубувањето на Сулејман е непозната. Најверојатно бил фаворизиран за престолот од противниците и ривалите на Мурад кои сакале да го соборат, или едноставно суровоста што го проголтала Мурад. По неговата смрт, тој бил погребан во мавзолејот на неговиот татко Ахмед I во Сината џамија. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia