ШибалбаШибалба (мајански: Xibalba, „место на стравот“)[1] е името на подземјето во мајанската митологија, каде владеат мајанските богови на подземјето и смртта. Во 16 век се верувало дека влезот во Шибалба била пештерата во Кобан, Гватемала. Денес староседелското мајанско население, поточно народот Кичејци, сè уште го поврзува регионот со смртта. Пештерскиот систем во Белиз исто така се сметал за влез во Шибалба.[2] ЖителиШибалба е опишана во Попол Вух како место под земјата и ова место се поврзувало со смртта и со дванаесетте Богови или моќни владетели познати како Господарите на Шибалба. Првиот од господарите бил Хун Каме, а потоа и Вукуб Каме, иако првиот е постар.[3][4] Останатите биле именувани како демони и имале надлежност врз различни човекови страдања: болести, гладувања, страв, немаштија, бол и смрт.[1] Сите овие богово работаат во парови: Шикирипат (краста) и Кучумакик (крв) ја заразуваат човековата крв, Ахалпух (гној) и Ахалгана (жолтица) ги отекуваат човековото тело, Чамијабак (коски) и Чамијахолом (череп) го претвораат човековото тело во скелет, Ахалмез (ѓубре) и Ахалтокоб (убод) се кријат кај нечисти домови и ги убодуваат луѓето до смрт, и Шик (кријла) и Патан (торба за патување?) ги правеле луѓето да кашлаат крв додека патувале по пат.[3][4] Останатите жители на подземјето биле под владеење на овие Богови и биле праќани на површината на земјата. Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia