Шиење![]() Шиењето е занает кој вклучува прицврстување или склопување на предмети со помош на игла и конец. Шиењето е една од најстарите текстилни вештини која потекнува од палеолитската ера. Пред пронаоѓањето на предиво или ткаенина за ткаење, археолозите веруваат дека луѓето од каменото време од Европа и Азија шиеле облека од крзно и кожа користејќи игли направени од коска, рог или слонова коска, а „конецот“ бил направен од различни делови од телото на животното, вклучувајќи тетиви, кетгут и вени.[1][2] Илјадници години, шиењето се вршело рачно. Со пронаоѓањето на шивачката машина во 19 век и подемот на компјутеризацијата во 20 век довело до масовно производство и извоз на шиени предмети, но сепак рачното шиење сè уште се практикува во целиот свет.[2] Финото рачно шиење е карактеристично за висококвалитетно кроење во високата мода и прилагоденото кроење, а текстилните уметници и хобисти го користат како средство за креативно изразување. Првата позната употреба на зборот „шиење“ била во 14 век.[3] ИсторијаПотекло![]() Шиењето има древна историја и се проценува дека започнала уште за време на палеолитот.[4] Шиењето се користело за спојување на животински кожи за облека и засолниште. Инуитите, на пример, користеле тетиви од ирваси за конец и правеле игли од коски.[5] Домородните Американци од американските и канадските прерии користеле софистицирани методи на шиење при составување на типија.[6] Во Африка, шиењето е поврзано со ткаење на лисја од растенија за правење на кошници, како на пример ткајачите од Зулу, кои користеле тенки ленти од листовите на палма како „конец“ за да шијат пошироки ленти од лисја од палми.[7] Ткаењето ткаенини од природни влакна потекнува од Блискиот Исток околу 4000 година п.н.е, а можеби и порано за време на неолитот, при што овој развој бил следен со шиење на ткаенини.[8] Во средниот век, имотни Европјани кои можеле да си дозволат вработувале лични кројачи. Колку било важно шиењето укажува постоењето на почесна титула „мајстор на шиење“ на многу европски крунисувања во средниот век. Така на пример, Роберт Редклиф, првиот гроф од Сасекс, при крунисувањето на Хенри Осми во 1509 година бил поставен за „Лорд на шиењето“. Шиењето во најголем дел било женска професија. Облеката била скапа инвестиција за повеќето луѓе, па затоа жените имале важна улога за продолжување на долговечноста на облеката. Шиењето се користело за поправање и одржување. Облеката што избледувала се превртувала од опачината за да може да се носи, а понекогаш морала да се распара и повторно да се состави во соодветна намена. Кога облеката била распадната или искината, здравите делови од платното се шиеле во нови облеки, прекривачи или на некој друг начин се ставале во практична употреба. Многу чекори во изработка на облеката од самиот почеток (ткаење, изработка на шаблони, кроење, преправки) значело насочување на стручноста на жените во одредена вештина (на пример, ткајачки, кројачки, шивачки).[4] Од средниот век до 17-ти век, приборот за шиење како што се игли, топуски, перници за топуски биле вклучени во миразот на многу европски невести.[9] Декоративниот вез бил ценет во многу култури ширум светот. Во западноевропските земји традиционално преовладува британскиот и ирскиот бод, а денес се познати бодови кои потекнуваат од други култури (ориентален, јапонски, романски бод).[10] Тие се ширеле по трговските патишта кои биле активни во средниот век. Патот на свилата донел кинески техники на везење во Западна Азија и Источна Европа, додека техниките на везење од блискоисточно потекло се прошириле во Јужна и Западна Европа преку Мароко и Шпанија.[11] Индустриска револуција![]() ![]() Првата шивачка машина ја патентирал во 1790 година Томас Сеинт.[12] Во раните 1840-ти години, се појавиле и други машини за шиење. Бартелеми Тимониер претставил едноставна машина за шиење во 1841 година, за производство на воени униформи за француската војска, но набргу толпа на кројачи провалила во неговите продавници и ги фрлала машините низ прозорци, верувајќи дека поради нив ќе останат без работа.[13] До 1850-тите години, Ајзак Сингер ја патентиралпрвата машина за шиење која можела брзо и точно да работи и значајно ја надминала продуктивноста на рачното шиење. Текстилните работилници преполни со слабо платени работници прераснале во цели работни квартови во големите градови како што се Лондон и Њујорк. Жените работеле по 14 часа за да заработат доволно за преживување, дури понекогаш изнајмувале машини за шиење кои не можеле да ги купат.[14] Шиењето во тој период било поврзано за потребите на повисоките класи.[15] 20-ти век и понатака![]() Во текот на 20 век, шиењето доживеа понатамошен развој. Како што машините за шиење станаа подостапни за работничката класа, побарувачката за модели за шиење растела. Најнови модели на облека биле претставувани во периодични сезонски изданија на што жените на крајот од 19 и почеток на 20 век станале навикнати. Ширењето на западните стилови на шиење на облека почнало во Субсахарска Африка во 1830-тите години преку христијанските мисионери. Со покрстувањето во христијанство автохтоните култури на облекување постепено исчезнувале. Со населување на европските колонисти се ширеле западните техники на шиење, а подоцна почнало ширење и на машинското шиење.[16] Прогресот во индустриската технологија, посебно со развојот на синтетски влакна на почетокот на 20 век, донел длабоки промени во севкупната текстилна индустрија. Производството на текстилната индустрија на западните земји нагло опаднало поради нивна преселба во земјите од третиот свет поради поевтина работна сила.[17][18] Изработка на облека![]() Денеска поголем дел од облеката е во масовно производство и е во склад со стандардни димензии добиени со мерења кои одговараат на најголемиот дел од популацијата. Иако постои стандард во димензиите сепак до него не се придржуваат строго на сите пазари.[19] АлаткиКројачот кој работи на едноставна облека има потреба од само неколку алати: мерна трака, игла, конец, ножици за шиење и ткаенина. За нанесување на моделот се користат посебни моливи за обележување или креди. Напрстокот е алатка во облик на капаче која служи како заштита на прстот при шиење. Денес се во масовна употреба машините за шиење и нив ги има во широк спектар со специјални намени како што се на пример: машини за прошивање, големи машини за шиење на дебели ткаенини, машини за везење, машини за обрабување и сечење на ивици и други.[20][21] ![]() Елементи![]() Кројачките имаат шема со цел да максимално се искористува постоечката ткаенина. Со шемата се одредува како да се сече и колку да се сече ткаенината.[22] Во изработката на облеката освен ткаенината може да се користат и дополнителни материјали како што е поставата или облози кои на ткаенината би и дале поцврст, пополн и поиздржлив облик. Пред и после сечењето деловите од примерокот се обележуваат со помош на молив, креда, игли или топуски со цел да се обезбеди правилно спојување при процесот на шиење.[23] Постојат повеќе видови шевови: обичен бод, цик-цак бод, француски бод и многу други.[24] Софтвер![]() ![]() Со развојот на софтверот за симулација на шиење ткаенина, кројачите денеска можат да цртаат модели на компјутер и да го визуелизираат дизајнот на облеката.[25] Поврзано
Наводи
Литература
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia