Шомоѓ
Шомоѓ (унгарски: Somogy megye; словенечки: Šomodska Županija) е името на административниот округ (comitatus или megye) во модерна Унгарија, како и во поранешното Кралство Унгарија. ГеографијаОкругот Шомоѓ лежи во југозападна Унгарија, на границата со Хрватска. Се протега помеѓу реката Драва и јужниот брег на езерото Балатон. Своите граници ги дели со унгарските окрузи: Зала, Веспрем, Фејер, Толна и Барања. Тој е најретко населениот округ во унгарската држава. Главен град и негов адмнистративен центар е градот Капошвар. Округот зафаќа површина од 6036 км2. ИсторијаШомоѓ било исто така и името на историскиот административен округ (comitatus) во Кралството Унгарија. Неговата територија која била малку поголема во споредба со територијата на денешниот округ, денеска се наоѓа во југозападна Унгарија. Главен град на округот бил Капошвар. Галерија
Надворешни врски
46°25′N 17°35′E / 46.417°N 17.583°E
|
Portal di Ensiklopedia Dunia