Шомпени![]() Шомпените или Шом Пен се домородни луѓе населени во внатрешноста на островот Голем Никобар, дел од Индиската унионистичка територија - Андамански и Никобарски острови. Етимологија и аутоним"Шомпен" најверојатно е погрешен англиски изговор на "Шамхеп", никобарското име за племето. Шомпените што живеат на западната страна од островот самите себеси се нарекуваат Калаи, а оние на источната страна Кејет, секоја група ја нарекува другата како Буавела. [1] Наводот од 1886 дека шомпените се нарекуваат себеси како Шаб Дова не е потврден од страна на современите истражувачи.[2] ИсторијаАдмиралот Стин Бајл бил првиот кој контактирал со шомпените во 1846 година. Британски офицер Фредерик Адолф д Репсторф, 1876 година ги проучувал јазиците на Никобар и Андаман,[3] при што собрал етнографски и лингвистички податоци. Од тогаш има многу малку информации за шомпените, бидејќи пристапот до Никобарските острови бил ограничен за странските истражувачи после стекнувањето со независност на Индија. [2] ОпштествоСпоред индискиот попис од 2001 година, бројот на шомпенската популација инзесувал околу 300 луѓе.[1] Во доцните 1980-ти шомпените живееле во десетина групи, групите броеле од 2 до 22 лица, распространети низ внатрешноста на островот. [1] Поради нивниот изолиран начин на живот во внатрешноста на островот, шомпените поминале со помали штети за време на Големиот земјотрес на Суматра и цунами катастрофата од 26 декември 2004 година кој ги опустоши крајбрежните региони населени со Никобари и Индијци. [1] ЈазикПостојат најмалку два шомпенски јазици. Шомпенските јазици се малку познати, најверојатно не се во никаква релација со никобарските јазици, и најверојатно не се во релација ниту меѓу себе, овој вид на јазици се нарекуваат изолатни јазици.[2] Генетика![]() Проучувањето на митохондра DNA покажало дека генетскиот материјал на шомпените е најблизок до индонезијците. Варијациите на DNA сегменти на Y хромозомот исто така наведува на траги од Аустро-Азијатски народи вклучувајќи ги и Никобарите и Виетнамците, но не и континенталните индијци.[4] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia