Шошонски јазик
Шошонскиот (Sosoni' ta̲i̲kwappe) е нумиски јазик од јазичното семејство на јутоацтечки јазици. Овој јазик се зборува во западни САД и е мајчин јазик на Шошоните. Јазикот се зборува во Вајоминг, Јута, Невада и Ајдахо. Шошонскиот има шест самогласки, кои разликуваат должина.[1] Согласките во шошонскиот јазик се релативно малубројни во спредба со останати староседелски јазици. Шошонскиот е богат со наставки, кои се клучни во јазикот. Јазикот исто така располага со граматички број, падеж, како и глаголски вид (аспек) и време. Зборовниот редослед во јазикот е слободен, но има знаци на следење на зборовен редослед подмет-предмет-прирок.[2] Шошоните го именуваат јазикот или како „народен јазик“ (newe ta̲i̲kwappe) или како „шошонски јазик“ (Sosoni' ta̲i̲kwappe).[3] Јазикот е класифициран како загрозен јазик, но во последните години во тек е проект за ревитализирање (јазично оживување).[4] КласификацијаШошонскиот е најсеверен јазик од семејството на јутоацтечки јазици.[5] Во рамките на тоа јазично семејство, јазикот е дел од групата на нумиски јазици. Најсродни јазици на шошонскиот се тимбишанскиот и команчејскиот јазик. За тимбишанскиот се верува дека засебен јазик во оваа јазична подгрупа[6], додека за команчејскиот се верува дека шошонскиот и команчејскиот се одделиле од еден ист јазик во 1700 година. Јазиците имаат ограничена меѓусебна разбирливост.[7] ДијалектиШошонскиот е составен од следните главни дијалекти: западен дијалект во Невада, гошутски дијалект во Јута, северен дијалект во Ајдахо и источен во Вајоминг.[4] Дијалектните разлики се на фонолошка основа. ФонологијаСамогласки
Согласки
Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia