Шпеле
Шпеле (германски: Spelle) — општина во округот Емсланд, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 20 километри југоисточно од градот Линген, а 10 километри северно од Рајне. Општината претставува административно седиште на истоимената општинска заедница. ГеографијаМестоположбаШпеле се наоѓа во јужниот дел во округот Емсланд, непосредно северно од покраинската граница со Северна Рајна-Вестфалија. Низ општината тече Шпелер Аа. Околу 3 километри југозападно поминува ракав од каналот Дортмунд-Емс. Општински единициКон општината Шпеле припаѓаат и следниве места Фаренроде и Фенхаус. Соседни општиниСоседни општини на југоисток е градот Херстел, на југ е градот Рајне (обата во округот Штајнфурт), на запад се општините Залцберген и Емсбирен, на север е општината Лине и на исток е општината Шапен (сите во округот Емсланд). Галерија
НаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia