Штернберг
Штернберг (германски: Sternberg) — град во округот Лудвигслуст-Пархим, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Градот претставува административно седиште на општинската заедница Штернбершка Езерска Област. ГеографијаГрадот се наоѓа југозападно од Росток, југоисточно од Висмар и североисточно од Шверин. Се наоѓа близу реката Варнов. ИсторијаГрадот Штернберг бил основан во текот на Источното населување[2] од војводата Прибислав I,[2][3] кој му доделил градски права на градот во 1248.[3] Во близина на градот се наоѓаат остатоци на три поранешни словенски населби. Една од словенските населби е ископана и обновена и служи како отворен музеј за словенскиот период. Власта над Штернберг била пренесена од Прибислав на принцот на Мекленбург по неговото исфрлање во 1255 година. Штернберг станал омилена резиденција на војводата Хајнрих II во 1310 година. Во 1492 година, 27 Евреи биле запалени на Јуденберг откако биле обвинети за оскрвнување на причесната — непостоечко дело користено во еврејските погроми во текот на средновековниот и ренесансниот период во Европа. На 20 јуни 1549 година, реформацијата била воведена во Мекленбург како последица на специјалниот совет во Штернберг. Во 1628 година, во текот на Триесетгодишната војна, Албрехт фон Валенштајн во градот одржал состанок. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia