12 мајмуни — американска телевизиска серија која се прикажува на Syfy создадена од Тери Маталас и Тревис Фикет.[1] Тоа е научно фантастична и мистериознадрама заснована на истоимениот филм од 1995 година, режиран од Тери Гилијам. Серијата својата премиера ја имала на 16 јануари 2015 година.[2]
На 12 март 2015 година, серијата била продолжена на втора сезона која своја премиера имала на 16 април 2016 година.[3][4] На 29 јуни 2016 година, серијата била продолжена на трета сезона која ќе се состои од 10 епизоди, со премиерно прикажување во 2017 година.[5]
Временскиот патник Џејмс Кол (Арон Стенфорд) патува од 2043 година во сегашноста за да спречи ослободување на смртоносен вирус од мистериозна организација позната како "Армија на 12 мајмуни". Тој вирус, во автентичната временска линија на Кол, предизвикал смрт на 93.6% од светското население. Кол ќе има помош од брилијантниот виролог Касандра Рајли (Аманда Шул) и математичката генијалка со психолошки проблеми, Џенифер Гојнс (Емили Хемпшир).
Арон Стенфорд како Џејмс Кол, временски патник кој се обидува да го спаси човековиот род, и да се искупи за своето проблематично минато
Аманда Шул како Д-р Катерина Касандра "Кеси" Рајли, виролог
Кирк Асеведо како Хосе Ремзи, најдобриот пријател на Кол
Ноа Бин како Арон Маркер (сезона 1; гостин сезона 2), поранешно момче на Касандра и политичар
Тод Сташвик како Теодор Дикон (сезона 2; споредна улога сезона 1), водач на брутална група на преживеани наречена West VII[6]
Емили Хемпшир како Џенифер Гојнс (сезона 2; споредна улога сезона 1), ќерка на Лиланд Гојнс, и математички гениј која го сретнува Кол во психијатриска болница[6][7]
Барбара Сукова како Катарина Џонс (сезона 2; споредна улога сезона 1), ракувач на временската машина[6]
Споредни
Том Нунан како „бледиот човек“, негативец кое е лице на Армијата на 12 мајмуни
Димор Барнс како Маркус Витли, еден од малкуте преостанати војници на американската војска[8]
Ромина Д'Уго како Макс, член на West VII, поврзана со Кол и Рамзи[8]
Рамон де Окампо како Оливер Питерс, медицински истражувач
Алисен Даун како Оливија, висок член на Армијата на 12 мајмуни и сестра на „бледиот човек“
Ејми Слон како Елена (сезона 1), мајка на синот на Рамзи
Мајкл Хоган како Д-р Ванс Екланд (сезона 2), харизматичен и интелигентен научник од иднината[6]
Скоти Томпсон како Мантис (сезона 2), мајка на Оливија и „бледиот човек“[9]
Џеј Карнес како Роберт Гејл (сезона 2), ФБИ агент од 1940 година[10]
Ендрју Гилис како Адлер, научник во проектот Разделување
Првата сезона на 12 мајмуни добила мешани и позитивни критики. На Rotten Tomatoes, серијата има резултат од 74 проценти. Консензусот за првата сезона гласи: "Бесмисленото патување низ времето во 12 мајмуни ја прави серијата послаба за гледање во споредба со оригиналниот материјал, но дејствието кое е со висок квалитет и одличните улоги се врвни"[11] Кристина Сегерс за IGN напишала: "Тоа што започна едноставно со приказната "ајде да се вратиме и да го поправиме ова" наскоро се разви во длабока филозофска медијација на концептот на судбината наспроти слободната волја. Серијата исто така е страшно многу забавна."[12]
Емитување
Syfy UK се стекнала со правата за регионално емитување и 12 мајмуни премиерно била прикажана во Обединетото Кралство на 27 февруари 2015 година.[13]