15 (загатка)![]() 15, позната и како петнаесетка или мистично поле — лизгачка загатка којашто се состои од рамка со плочки означени со броеви, поставени во случаен редослед со едно празно поле. Целта на загатката е, со лизгање на плочките означени со броеви низ празното поле, да се подредат редоследно од онаа со најмал до онаа со најголем број. Загатката се јавува и во други големини, од кои особено е позната онаа под називот „8“. Така на пример, ако рамката е со димензии 3×3, тогаш таа се нарекува „8“; ако е со димензии 4×4, тогаш се нарекува „15“; а ако е со димензии 5×6, тогаш се нарекува „29“. ПрименаЗагатката служи како класичен проблем за моделирање на евристички алгоритми. Често применувани евристички методи за овој проблем се пребројување на бројот на погрешно поставени плочки и пресметување на збирот на растојанието меѓу погрешната и целната поставеност. Притоа, обата методи се изводливи, т.е. тие никогаш не го преценуваат бројот на преостанати потези, што овозможува оптималност за некои пребарувачки алгоритми како што е на пример алгоритмот А*.[1] ПоврзаноНаводи
Литература
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia