3D репрезентација на рибозомот. На сликата е прикажан 3D-аранжманот на 23S и 5S рРНК во 50S рибозомната подединица на E. coli, врз основа на крио-електронска микроскопска реконструкција.[1]
23SрРНК е рибонуклеинската компонента на големата подединица (50S) на прокариотскиотрибозом, со должина на нуклеотидната низа (кај Е. coli) од 2904 нуклеотиди. Рибозомниот пептидил трансферазен центар се наоѓа во доменот V на 23S рРНК, и овој домен е најчестата локација за врзување на антибиотиците кои го инхибираат процесот на транслација кај бактериите.[2] Најпознатиот припадник на оваа класа на антибиотици, хлорамфеникол, делува на тој начин што го инхибира формирањето на пептидните врски, а 3D-структурните истражувања укажуваат на тоа дека постојат две различни места за врзување на молекулата на хлорамфеникол, во зависност од видот на организмот.[3]Линезолид и хинупристин/далфопристин, исто така, се врзуваат за 23S рРНК, а помеѓу овие антибиотици постои вкрстена резистентност.[4] Во споредба со 16S рРНК гените, 23S рРНК-гените обично имаат повисок степен на варијации во низите, вклучувајќи вметнувања и/или бришења.[5]
↑„The 3D arrangement of the 23 S and 5 S rRNA in the Escherichia coli 50 S ribosomal subunit based on a cryo-electron microscopic reconstruction at 7.5 Å resolution“. J Mol Biol. 298 (1): 35–59. 2000. doi:10.1006/jmbi.2000.3635. PMID10756104.