Android Auto
Android Auto — мобилна апликација создадена од Google наменета беспрекорно да ја отслика функционалноста на андроид-телефон (или усогласен уред) со информативно-забавниот систем на контролната табла на автомобилот. Со спарување на андроид-уред со главниот уред на возилото, апликацијата му овозможува на возачот поедноставен интерфејс на екранот на автомобилот. Главните одлики вклучуваат пристап до GPS-навигација, преносна музика, пораки, телефонски повици и веб-пребарување, сите оптимизирани за употреба во кола. Android Auto поддржува интерфејси со екран на допир и со копчиња, а функционалноста на гласовните команди е камен-темелник на неговото работење со слободни раце, минимизирајќи го одвлекувањето на вниманието на возачот за побезбедно возење.[2][3] Како дел од Open Automotive Alliance — соработка помеѓу 28 водечки производители на автомобили и Nvidia како нејзин технолошки партнер — Android Auto сега е достапен во 36 земји, обезбедувајќи попаметно, поповрзано искуство во возењето. ФункционалностAndroid Auto е програмска опрема што дозволува андроид-уред да се поврзе со екранот на контролната табла на колата, кој потоа делува како приказ за апликациите во поедноставен интерфејс што одговара на автомобилот. Првично, андроид-уредот требало да се поврзе со автомобилот со USB-кабел.[4] Во ноември 2016 г., Google ја вовел можноста за користење на Android Auto непосредно на телефон или таблет без потреба од екранот на контролната табла на автомобилот. Меѓутоа, оваа самостојна примена била прекината во јуни 2022 г. и заменета со „Режим за возење“ (Driving Mode), функција вградена во апликацијата Google Assistant.[5] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia