Auto da fe (книга на Еуџенио Монтале)Auto da fé - збирка есеи на италијанскиот писател Еуџенио Монтале од 1966 година. СодржинаКнигата ги содржи следниве есеи и уметнички критики:[1]
За збиркатаПо неговата преселба во Фиренца, Монтале почнал интензивно да се занимава со книжевна критика. Исто така, по преслебата во Милано, во 1948 година, Монтале започнал да пишува книжевна и музичка критика за познатиот весник „Кориере дела сера“.[2] Од неговиот критичко-есеистички опус се истакнува книгата „Auto da fe“ (1966) во која се собрани статиите објавени во разни весници и списанија меѓу 1946 и 1966 година.[3] Како критичар, Монтале не бил на нивото на неговата поезија, што се должи на оптовареноста со идеализмот на Кроче (кого го читал во младоста), како и на конзервативните општествено-политички убедувања и традиционалистичките културни ставови. Оттука, според Фортини, од есеистот и критичар Монтале не може да се објасни како станала онаа смела и трагична поезија што ја напишал тој, зашто многу од ставовите искажани во есеите драстично отстапуваат од современите мислења. Сепак, во нив, Монтале дава многу поучни забелешки од теориски карактер.[4] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia