G-Eazy
Џералд Ерл Гилам (англ. Gerald Earl Gillum; роден на 24 мај 1989 година), познат по неговото уметничко име G-Eazy ― американски рапер, музички продуцент и глумец. Живот и кариераЏералд Ерл Гилам бил роден на 24 мај 1989 година во Оукленд, Калифорнија. Студирал на Универзитетот Лојола во Њу Орлеанс, каде што дипломирал на насоката музичка индустрија во 2011 година.[2] G-Eazy почнал да работи како музички продуцент додека сè уште студирал на Универзитетот Лојола.[3] Станал член на месната хип-хоп група позната под името „The Bay Boyz“, која објавила неколку песни на нивната страница на Мајспејс.[4] Во 2010 година, G-Eazy добил можност да биде воведен изведувач на концерти од некои добро познати музичари, особено Лил Вејн[5] и Снуп Дог.[6][7] Пред да потпише договор со RCA Records, објавил два независни албума: The Epidemic LP (2009) и Must Be Nice (2012). ![]() На 23 јуни 2014 година, G-Eazy го издал неговиот прв албум со голема издавачка куќа, This Things Happen. Албумот се искачил на трето место на американската топ-листа за албуми Билборд 200. Од албумот го издал синглот „I Mean It“ со кој тој за прв пат се пласирал на американската топ-листа за синглови Billboard Hot 100. Вториот албум на Гилам, When It's Dark Out, бил издаден на 4 декември 2015 година.[8] На 6 јануари 2016 година, G-Eazy ја започнал неговата втора светска турнеја при што одржал концерти во САД, Европа и Австралија.[9] Неговиот сингл „Me, Myself & I“, во соработка со Бебе Реџа, се искачил на 7-мо место на американскиот Billboard Hot 100.[10] На 15 декември 2017 година, G-Eazy го издал албумот The Beautiful & Damned.[11] Водечкиот сингл од албумот „No Limit“ (во соработка со Карди Би и ASAP Rocky), се искачил на четврто место на Billboard Hot 100 и до денес е негова песна со највисок пласман на топ-листите. На 5 декември 2017 година, G-Eazy го објавил вториот сингл од The Beautiful & Damned под наслов „Him & I“ во соработка со Холзи , со која во тоа време бил во врска. Како глумец дебитирал со филмот Hustlers, во кој го глумел Џони, објавен на 13 септември 2019 година. G-Eazy го објавил неговиот долгоочекуван четврти студиски албум These Things Happen Too на 24 септември 2021 година. Бил поддржан со сингловите „Running Wild (Tumblr Girls 2)“ во соработка со Косиско и „Breakdown“ со Деми Ловато. Албумот послабо се продавал за разлика од неговите претходни албуми. Албумот Freak Show бил објавен на 21 јуни 2024 година. На албумот му претходеле сингловите „Femme Fatale“ и „Freak Show“. Албумот не успеал да се пласира на топ-листите. Личен животОд 2017 до 2018 година, G-Eazy бил во врска со пејачката Холзи.[12][13] Од 2020 до 2021 година, бил во врска со глумицата Ешли Бенсон.[14] Дискографија
Филмографија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia