JavaScript
JavaScript — производ на Netscape, и претставува скриптен јазик кој е објектно ориентиран, со можност да се извршува на повеќе хардверски и софтверски платформи. JavaScript е мал и едноставен јазик, кој се користи во комбинација со други производи и апликации, како на пример прелистувач (анг. web browser). Вгнезден во соодветен производ, JavaScript може да се поврзе со објектите во неговата околина и да овозможи програмска контрола над нив. Основата на JavaScript јазикот се состои од основно множество на објекти, како што се Array, Data и Math, основно множество на елементи на јазикот како што се операторите, контролните структури и искази. Основата на JavaScript може да се проширува во зависност од потребите со додавање на дополнителни објекти; пример: ![]()
JavaScript во комбинација со некои други технологии успешно се користи за изработка на AJAX апликации. Надворешни врски
Поврзано
|
Portal di Ensiklopedia Dunia