Mесечево море![]() Месечевите мориња се големи, темни, базалтни рамнини на нашата Месечина, формирани од лава што се влевала во прастарите базени создадени од удар. Тие се помалку рефлективни од „висорамнините“ како резултат на нивниот состав богат со железо, и затоа изгледаат темни кога се набљудуваат со голо око. Овие простори покриваат околу 16% од површината на Месечината, претежно на страната видлива од Земјата. Неколкуте вакви мориња кои се наоѓаат на другата страна се многу помали, сместени претежно во многу големи кратери. Традиционалната номенклатура за Месечината вклучува и еден океан, како и карактеристики наречени „езеро“ (lacus), „мочуриште“ (palus) и „залив“ (sinus). Последните три се помали од морињата, но имаат иста природа и карактеристики. Имињата на морињата се однесуваат на карактеристиките на самиот простор.[1] Кога било откриено Московското море од Луна 3, а името беше предложено од Советскиот Сојуз, тоа било прифатено само од Меѓународниот астрономски сојуз.[2] Старост на Месечевите морињаСтароста на базалтот е одредена со директно радиометриско датирање и со техниката на броење на кратери. Радиометриската проценка на староста се движи од околу 3,16 до 4,2 милијарди години (Ga),[3] додека најмладите утврдени со броење на кратерите се околу 1,2 милијарди години. [4] Сепак, поголемиот дел од базалтите се чини дека еруптирале помеѓу околу 3 и 3,5 милијарди години. Неколкуте базалтни ерупции што се случиле на другата страна се стари. ![]() Наводи
Литература
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia