Need for Speed: Underground
Need for Speed: Underground (NFSU) или (NFSUG) е тркачка игра создадена од Ea Black Box и објавена од Electronic Arts. Тоа е првата игра Need for Speed која има свој град каде што се одржуваат сите трки во тој град. NFSUG, исто така, има приказна што поминува низ играта. ПриказнаИграта е за играч кој вози Acura Integra. Тој запознава жена по име Саманта, возачка која му помага на играчот да напредува. Саманта го запознава играчот со Еди, најдобриот тркачки возач во градот, како и со неговиот автомобил, портокаловиот Nissan Skyline GT-R. Играчот напредува и станува попознат во градот во текот на играта, а го повикува Еди кој му кажува дека за да се натпреварува со него мора да и парира на Саманта и да ја победи. Играчот потоа се трка со Еди, и на крајот се трка со Мелиса (старата девојка на Еди). Со победа, играчот станува пријател со Мелиса. ПодесувањеNFSUG му дозволува на играчот да го намести (модификува) својот автомобил по негова желба. Ова може да се направи во менито „Прилагодување на автомобилот“. Играчот има можност да ја зголеми брзината, забрзувањето и вртењето. Покрај тоа, може да се подесат и каросеријата и графиката. |
Portal di Ensiklopedia Dunia